# Храброста да се биде среќен

*https://matica.com.mk/product/hrabrosta-da-se-bide-srekjen/*

**Price:** 450 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039641

Што ако еден едноставен избор може да ја отклучи вашата судбина?

Ретко се наидува на книга која на едноставен начин пренесува важни вистини за најсериозните животни прашања: значењето на (само)довербата, надминувањето на односот родител – дете и постигнувањето самостојност, стекнувањето вистинска љубов и длабоки пријателства… И што е уште поважно – книга што нè охрабрува и нè оспособува да ги постигнеме сите свои цели и да го живееме животот што го посакуваме.

Три години по првиот разговор, разочараниот младич е убеден дека учењата на Адлер функционираат само во теорија, а не и во пракса. Но низ новите просветливачки дискусии со филозофот, тој ги продлабочува своите разбирања за моќните Адлерови учења и ги усвојува алаткките потребни за да ги примени неговите идеи во хаосот на секојдневниот живот.

Едноставна и трогателна, „Храброста да се биде среќен“ ќе запали факeл што ќе ви го осветли животот и ќе го разбуди светот што некогаш ви изгледа застрашувачки. Без разлика дали ќе ја читате самостојно или како продолжение на бестселерот „Храброста да се биде свој“, оваа книга ви нуди нов и смел начин на размислување и живеење. Со своите проникливи увиди, ве оспособува да се ослободите од оковите на минатите трауми и од туѓите очекувања и да ја искористите новостекнатата слобода за да го создадете животот што навистина го посакувате.

Изберете ја „Храброста да се биде среќен“ и ќе изберете исполнет и независен живот благословен со вистински пријателства, со зрела љубов и со работа што ја сакате.
