И НЕБОТО БЕШЕ НАШЕ

490 ден

На залиха

Секое лето, Тереза го следи својот татко во неговиот дом од детството во Пуља – место исполнето со вековни маслинови градини, семејства кои живееле со генерации. Долгите топли попладневни часови ги поминува читајќи ги книгите од својата баба. Но, се` ќе се промени кога ќе ги запознае трите момчиња кои живеат на соседната фарма: Никола, Томазо и Берн – човекот што Тереза ќе го сака до крајот на животот. Трите момчиња растат како браќа, а помеќу нив постои блиска, комплексна и неприкосновена поврзаност. Но, некои врски во животот не се трајни и тоа Тереза многу бргу го открива. Затоа што постои огорченост под површината на тоа необично братство и чудна љубов која крие мрачна тајна. А, кога Берн – загадочниот и немирен по дух другар, ќе изврши брутален чин на одмазда ништо повеќе не ќе може да ги врати оние совршени, златни часови под сенката на маслиновите дрвја.

Незаборавна приказна за трајната љубов, врските помеѓу луѓето и преголемата човечка потрага по смислата. Приказна која ја открива длабочината на човечката душа.

SKU: 035023
Категорија: