# Ичиго-ичие

*https://matica.com.mk/product/ichigo-ichie/*

**Price:** 320 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039764

Секој миг, без исклучок, може да ви биде најубавиот во животот.

Ичиго-ичие е древна јапонска умешност за тоа како секој миг да го направиме незаборавен, да уживаме во него и да го цениме како скапоцен и неповторлив. Оваа фраза што често се користи во Јапонија при поздравувањето или збогувањето, за да се истакне дека средбата е единствена и посебна, е принцип на зен-будизмот и му се припишува на еден мајстор за церемонија на чај од шеснаесеттиот век, или „церемонијата на внимание“, чии сложени ритуали нѐ принудуваат да се фокусираме на сегашниот момент.

Секоја средба, сѐ што доживуваме, е непроценливо богатство кое никогаш повеќе нема да се повтори на ист начин. Ако дозволиме да ни избега без да уживаме во него; засекогаш сме го изгубиле. Ако живееме будно, со отворени сетила, нема да дозволиме сегашноста да ни биде само низа од денови. Секој од нас ја има во себе магијата да го направи својот живот посебен и незаборавен.

„Ичиго-ичие“ на Франсеск Миралјес и Ектор Гарсија ќе нѐ научи како да се ослободиме од секојдневните грижи и да ја отвориме ширум вратата кон среќата, хармонијата со другите и љубовта кон животот.
