# Исидора Мун - Оди на Снежниот фестивал

*https://matica.com.mk/product/isidora-mun-odi-na-snezhniot-festival/*

**Price:** 350 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039832

Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква. Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а таа е по малку од двете. Исидора едвај чека да оди на Снежниот фестивал по повод големата прослава на краткоденицата! Самовили од целиот свет доаѓаат да уживаат во лизгање на мраз, во блескави светилки, разни тезги и топло чоколадо. Ќе успее ли Исидора да ги најде мајка си и татко си пред да се вклучат грандиозните самовилски светилки?… Дополнета со забавни активности што можете да ги направите заедно со Исидора и Розовото зајаче!
