# Италијанка

*https://matica.com.mk/product/italijanka/*

**Price:** 500 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039779

„Италијанка“ е суров и исклучително моќен историски роман кој го оживува ликот на Марија Оливерио, позната како Чичила – една од најфасцинантните, но и заборавени жени во италијанската историја. Сместен во дивиот предел на Калабрија во 19 век, романот ја следи трансформацијата на Марија од крајно сиромашна девојка во единствената жена-водач на бунтовничка чета за време на крвавото обединување на Италија.

Таа што ја прави оваа книга толку впечатилва е способноста на Катоцела да ги спои суровите историски архиви со длабока емотивна драма. Тој не го романтизира животот на бунтовниците, туку нуди искрен портрет на една жена водена од предавството, сиромаштијата и незапирливата желба за слобода. Преку нејзините очи, авторот го демистифицира сјајниот мит за италијанското обединување, откривајќи ги бруталните неправди и длабокиот јаз меѓу Северот и Југот.
