# Италијанско-македонски фразеолошки речник

*https://matica.com.mk/product/italijansko-makedonski-frazeoloshki-rechnik/*

**Price:** 630 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039750

Внимателното и темелно истражување на фразеолошкото богатство на италијанскиот јазик претставено во книгата Италијанско-македонски фразеолошки речник на проф. д-р Радица Никодиновска нѝ овозможува да си создадеме јасна претстава за креативната моќ на италијанскиот јазик во доменот на фразеологијата. Речникот на Никодиновска е прв фразеолошки речник на италијанскиот јазик што се појавува во нашата земја. Неговото значење се огледува во фактот што тој им овозможува на професорите по италијански јазик да навлезат подетално и подлабоко во неговото проучување. Со овој речник проф. д-р Радица Никодиновска навлегува во финесите на изразување на италијански јазик. Речникот претставува корисен инструмент во рацете на италијанистите и несомнен придонес во македонската италијанистика.

Имам чест оваа рецензија да ја посветам на најновиот труд од областа на фразеографијата на авторката Радица Никодиновска, кој се надоврзува на другите трудови за фразеологијата. Станува збор за „Италијанско-македонски фразеолошки речник“. Во него на 146 страници компјутерски текст се обработени 1250 фраземи од појдовниот јазик, италијанскиот, и нивните македонски фразеолошки еквиваленти. Пред нас е двојазичен фразеолошки речник кој претставува значаен придонес за македонската фразеографија, особено за италијанската и за македонската фразеографија. Станува збор за речник што ќе биде корисен не само за научните работници и за студентите, туку и за преведувачите, лексикографите и за сите што се занимаваат со изучување и проучување на италијанскиот јазик.
