# Книгата сведок

*https://matica.com.mk/product/knigata-svedok/*

**Price:** 300 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039745

Тоа на кое Веле Смилевски му го посветува својот сензибилитет и интелектуален капацитет е првпат во нашата поезија, на ваков начин, целосно, во еден голем корпус од стихови да се проговори и пее за опсесивни теми, толку опфатно, многустрано и конзистентно, просечно низ авторвото творечко и ерудитивно сито и уметство, со тоа и субјективно, персонално и автентично.

Сиов поетски корпус на Веле Смилевски, обземен од феноменот на песната, се гради врз искуствата нејзини од самото нејзино создавање. Поаѓајќи од постмодернистичката поставка, преку повикување на древните митови и мотиви и на современите сознанија, преку автори и песни, користејќи цитати, коментари, допишување, интерпретации и асоцијарања, преку нивно прифаќање, афирмација, иронизирање или пародирање, преку варирање и палимпсестно пресоздавање, се создава една поезија на непосреден, комуникативен, разговорен јазик, јасен и читлив, во кој се вградени авторвата мисла, неговите естетички идеи и неговиот поетски сензибилитет. Тој колоквијален, комуникативен јазик, во посочената поставка, нуди многу слоеви, многу толкувања што го градат сложеното здание на неговата поезија.
