# Координата Тупаница

*https://matica.com.mk/product/kordinata-tupanitsa/*

**Price:** 420 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039623

Анархистички анахронизам at its finest – Вака некако во два-три збора, во стилот на романот „Кордината тупаница“, би бил опишан животот на главниот [анти]јунак Корда Главосек. Романот претставува сатира, алегорија, прониклив in your face приказ на сложените општествено-политички односи на денешниот свет, но и на светот низ историјата и во иднината, отсликан низ згодите и незгодите на Корда, водач на руската мафија „Отровна руска тупаница“, пијаница, женкар, љубител на опојни дроги и на сите можни пороци, сведок и учесник во сите позначајни историски настани, кој своите проблеми, како и проблемите во светот, ги решава со агресија и алкохол. На неговите страници се среќаваат на едно место, честопати еден покрај друг или еден против друг, некои од најважните ликови, вистински и фиктивни, од човековата историја (Распутин, Лао Це, Мао Це Тунг, Хирохито, Фидел Кастро, Ѓорѓи Буш Помкл, Ким Јонг Ил, Слободан Милошевиќ, Луцифер, Трите прасиња и др.), сите опишани во една пародична светлина, преку црн хумор од кој никој не е поштеден. Расизмот, предрасудите, стереотипите, војните, авторитаризмот, национализмот, криминалот, алкохолизмот… – сето тоа се теми за кои иронично, саркастично и без влакна на јазикот се зборува во ова дело, а кои се поставени на фонот на познати историски епови, бајки и книжевни дела, како и на фонот на класичната и поновата рокнрол музика, филмска индустрија и попкултура, што му дава на текстот посебен белег и привлечност поради иновативниот и визуелно-филмски начин на кој е пишуван.
