# Кралската ќерка

*https://matica.com.mk/product/kralskata-kjerka/*

**Price:** 490 ден

**Availability:** out of stock

**SKU:** 039791

„Мој сакан Б, моето срце, мојата душа. Само посакував да имавме повеќе време. Повеќе време да ја побарам ќерката од која никогаш не требаше да се откажам. Ќерката што требаше да имам храброст да ја задржам, храброст да ја кажам вистината.“

Лондон, денес. Една избледена фотографија. Еден пожолтен лист со ноти. Тајна оставена во дом за невенчани мајки.

Трагата ја води Ела до грчкиот остров Скопелос – во срцето на Егејот – каде што ја чека приказната за прогонетото кралско семејство, забранетата љубов и девојката со дарба што засекогаш променила нечија судбина.

Додека минатото се расплетува, Ела мора да избере: да се врати кај Габриел во Лондон или да ѝ се препушти на магијата на островот и на новата љубов.

Емотивен и неодолив роман за силата на семејните врски и за љубовта од која никогаш не треба да се откажеме.
