# Кубанската ќерка

*https://matica.com.mk/product/kubanskata-kjerka/*

**Price:** 490 ден

**Availability:** out of stock

**SKU:** 039782

Фасцинантен и трогателен роман за семејните тајни, изгубената надеж и новите почетоци.

Куба, 1950 година.

Кога Есмералда помина покрај Кристофер, здивот ѝ сопре во грлото од неговата близина, беше сигурна дека ткаенината на нејзиниот фустан му го допре коленото и им се допреа прстите. Траеше толку кратко, прстите им се испреплетоа за момент што ѝ беше доволно за сè што сакаше да дознае. Тој не дојде само да ја види Куба. Тој го помина сиот овој пат за да ја види неа.

Лондон, денес.

Клаудија дознава дека баба ѝ била родена во Домот на Хоуп, дом за немажени мајки. Сè што мислеше дека знае за нејзиното семејство се урна за миг. Гледајќи кон еден избледен семеен амблем, таа решава да открие на кој начин е поврзан со баба ѝ.

Патот ја води до семејството Дијас, кое порано било едно од најбогатите династии на Куба, од срце верувајќи дека ќе може да ја открие вистинската приказна за нејзиното семејство. Но, кога пристигнува во домот на семејството Дијас, го наоѓа сосема напуштен, како да сопрело времето во 1950-тите. Не поминува долго време и таа ја открива тажната приказна за своето семејство.

Дали нејзината семејна приказна ќе ја инспирира да го следи своето срце? Или можеби ќе ја натера да се врати дома?
