# Љубовта е опасна игра

*https://matica.com.mk/product/ljubovta-e-opasna-igra/*

**Price:** 350 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 015754

Во еден мал германски град, како бомба, експлодира веста дека обвинетиот Клаус Леонхард – врз основа на лажно сведочење за заведување – е виновен и осуден на затвор. Но, тој тврди дека е невин. Во очај, овој млад наставник се бори за сопствената рехабилитација, задржувајќи ги достоинството и желбата да си го поврати реномето. Неговата судбина е трагичен пример како една млада девојка, заробена од стегите на малограѓанската средина, во обид да го спаси сопствениот, уништува туѓ живот…

„Љубовта е опасна игра“ е приказна за љубовта, вината и помирувањето… Тоа е трагичен приказ за судбината и времето, емотивно раскажан од неповторливата Марија Луис Фишер.

Ова е приказна која ја опишува судбината на човекот, скриена зад трагедијата на ранлива девојка, која поради недостаток на разбирање и љубов запаѓа во речиси безнадежна конфузија. И покрај еднаквите права што ги има, таа е изгубена во светот во кој доминираат мажите и осамено се бори со сопствените проблеми…
