# Магијата на расчистувањето

*https://matica.com.mk/product/magijata-na-raschistuvanjeto/*

**Price:** 320 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 035505

Замислете си да живеете во просторот облагороден само со оние работи што му се блиски на вашето срце. Зар тоа не е животниот стил за кој сонувате? Лесно е, штом еднаш ќе научите како да го средите својот дом.

Јапонската експертка за расчистување Мари Кондо, со нејзините инспиративни методи што го освоија светот, зборува за расчистувањето на едно поинаку ниво. Таа ќе ви покаже дека ако го смените пристапот, расчистувањето може да има неизмерен ефект, не само врз просторот туку и врз целиот ваш живот. Ако расчистите еднаш и темелно според нејзините радикални принципи, домот ќе ви остане во совршен ред. Заедно со тоа, ќе забележите дека самодовербата, енергијата и мотивацијата ви растат помагајќи ви да ги остварите своите соништа.

Методот на Мари Кондо се заснова врз правилото дека она што еднаш е темелно расчистено, веќе никогаш нема да западне во безредие. Ако мислите дека тоа е невозможно, тогаш сигурно треба да ја прочитате оваа извонредна книга.
