# Метафизички медитации

*https://matica.com.mk/product/metafizichki-meditatsii/*

**Price:** 160 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 023487

Повеќето луѓе сакаат да медитираат, но не знаат како се прави тоа. Целта на медитацијата е запознавање на Бог, поврзување на малите радости на душата со безграничната радост на Духот.

Медитацијата не е исто што и концентрацијата. Концентрацијата е ослободување на вниманието од попречувачките стимулации и нејзино насочување на една работа во еден момент. Медитацијата е посебен облик на концентрација, во кој вниманието е ослободено од немир и е насочено кон Бог. Човекот може да се концентрира на мислата за Бог или за пари, меѓутоа тој не може да медитира за пари или за кој било друг материјален предмет. Медитацијата е насочена само на мислите за Бог.

Медитацијата има одредени физички, психолошки и метафизички процеси, во кои статистичките пречки настаната поради немир, но отстранети од човечкото ментално радио, овозможуваат да се чуе бесконечноста.

Постои Моќ (Светлина) што ќе ви го осветли патот кон здравјето, среќата, мирот и кон успехот, но само ако се свртите кон таа Светлина.
