# Најсреќната девојка на светот

*https://matica.com.mk/product/najsrekjnata-devojka-na-svetot/*

**Price:** 450 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 024938

Нејзиниот совршен живот е совршена лага.

Како тинејџерка во престижното училиште „Бредли“, Ани ФаНели доживеа страшно јавно понижување што ја натера да исчезне за да може повторно да се открие себеси. Сега, со гламурозна работа, скапа облека и со згоден вереник со сина крв, таа е на чекор до совршениот живот што толку очајно го посакуваше и се трудеше да го добие.

Но Ани има тајна. Има нешто друго скриено во нејзиното минато што сè уште ја демне, нешто лично и толку болно, што се заканува дека ќе излезе на површина и ќе уништи сè.

Со само еден глас и пресврт што воопшто нема да го очекувате, *Најсреќната девојка на светот* го истражува неподносливиот притисок што многу жени го чувствуваат во потрагата „да имаат сè“ и нè запознава со една хероина чиј остар карактер и преголема амбиција штитат една скандалозна вистина и чие срце е поголемо отколку што се чини на почетокот.

Прашањето останува: Дали ако прозбори ќе уништи сè за кое таа толку силно се трудеше – или, конечно, се ослободи?
