# Нешто лично

*https://matica.com.mk/product/neshto-lichno/*

**Price:** 350 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039116

Темата на односот спрема ментално хендикепирано дете се среќава во повеќе дела од опусот на нобеловецот Кензабуро Ое, почнувајќи од неговиот најважен роман Нешто лично, објавен само една година по раѓањето на неговиот хендикепиран син. Од почетокот па до крајот на оваа крајно интимна, потресна и мачна приказна, протагонистот Птица е соочен со „агонијата од страдања“. Во тие околности, Птица сонува за еден вид бегство од „кафезот на семејството“, при што постојано копнее да отпатува во Африка, чии карти насекаде ги влечка со себе. Под лупата на нарацијата се ставени токму проникнувањата во тегобните расположенија на Птица, кој едновремено го чувствува бремето од измешани чувства на срам, страв, сомнежи, себеизмама, себеизмачување, себеобвинување.

Но и покрај макотрпната, напати апсурдна „внатрешна борба“ на протагонистот Птица, романот на Ое не завршува со ескапизам или нихилизам, туку со еден вид стоицистичко соочување со страдањето и верба во можноста во секоја егзистенција да се пронајде смисла.
