# Остров на духови

*https://matica.com.mk/product/ostrov-na-duhovi/*

**Price:** 520 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039758

На еден изолиран остров, детективката за убиства Џесика Ниеми мора да истражи случај на давење поврзан со страшна легенда за духови во овој возбудлив нов роман од авторот на „Верниот читател“, чии книги се на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“.

Џесика Ниеми е пратена на принуден одмор по насилна расправија со агресивен маж којшто завршува на насловните страници. За да избега од непожелно внимание, таа заминува на далечен остров на архипелагот Оланд и изнајмува соба во мал крајбрежен пансион. Се надева дека ќе остане сама додека се соочува со можноста дека го губи она што и останало од здравиот разум, но во пансионот пристигнуваат тројца повозрасни гости кои секоја година престојуваат таму. Џесика дознава дека тие се преостанатите „пролетни птици“ – поранешни деца-бегалци кои ја напуштиле Финска за време на Втората светска војна и неколку месеци живееле заедно во сиропиталиште на островот.

Сиропиталиштето одамна не постои, но локалната легенда за една негова штитеничка, девојче по име Маија, сѐ уште ги прогонува преживеаните. Секоја вечер Маија го облекувала своето сино палто и стоела на пристанишниот мост, гледајќи кон темната вода – сѐ до ноќта кога исчезнала без трага. Кога една од „пролетните птици“ е пронајдена мртва, удавена токму покрај истиот мост, а Џесика дознава и за уште два смртни случаи од минатото поврзани со сиропиталиштето, таа нема друг избор освен да се обиде да ги состави делчињата од оваа морничава мистерија.

Џесика не е сигурна дали се соочува со убиец или – како што вели легендата – со духот на Маија, девојката со синото палто. Несигурна во она што е стварност, а што не, очајно бара одговори што ќе ги запрат убиствата и конечно ќе ги замолчат нејзините внатрешни демони еднаш засекогаш…
