# Патот по кој поретко се оди

*https://matica.com.mk/product/patot-po-koj-poretko-se-odi/*

**Price:** 400 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 030219

Не постојат едноставни и лесни одговори за луѓето кои тргнале по патот на духовното созревање. Човештвото е среде голем еволуциски скок. Сѐ зависи од нас. Универзумот ни го подготвува патот, но ние самите мораме да зачекориме по него градејќи во себе систем за постигнување на духовно и ментално здравје. Процесот на самоподобрување е многу еволутивен. Но кога ќе ги прошириме своите граници, веќе сме поминале во повисоко ниво на постоење.

Д-р Скот Пек, еден од најпознатите светски психотерапевти, ја објаснува, меѓу другото, природата на љубовта како чин на самосозревање. Тој ни одговара на прашањата како да препознаеме вистинска љубов и компатибилност, како да разликуваме зависност од љубов, како да бидеме почувствителни родители, како да станеме свои…

Патот по кој поретко се оди е една од најпродаваните книги во оваа област на сите времиња. Таа инспирира милиони луѓе низ светот на патот кон себеоткривањето и прифаќањето на животот во сета негова разновидност.
