# Писма од Стоикот

*https://matica.com.mk/product/pisma-od-stoikot/*

**Price:** 300 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039567

Најсреќен е оној човек кому среќата не му е потребна, а најсилен и најмоќен е оној што владее со самиот себе.

Најдобриот тест за вредноста на едно дело е времето. А за оваа книга тоа и не постои. Мудростите, советите и одговорите на животните ситуации кои се распослани низ писмата на Сенека до Лукилиј не изгубиле ништо од својата актуелност.

Спој на филозофската мудрост и животното искуство, размислувања за човечката природа, моќта, судбината и моралот, Сенека уште пред две илјади години ни го покажа патот до спокоен и среќен живот.

Се уште современ и инспиративен, Сенека не потсетува дека вистинската мудрост не се мери со богатство или моќ, туку со способноста да се живее разумно, храбро и чесно.

Вистинската слобода започнува со оваа книга. Од мигот кога човек ќе успее да живее стоички во свет полн со неизвесности и опасности, со дух што владее над самиот себеси.
