# По дождот

*https://matica.com.mk/product/po-dozhdot/*

**Price:** 500 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 033682

Раде Шербеџија е светска ѕвезда и култна икона на ексјугословенскиот културен простор. Гламурозен и амбивалентен, заводлив и контроверзен. Тој пишува така како што прави и сè друго – страсно, искрено, од срце и без лицемерство. Пишува за луѓе, градови, светови, уметности, идеали и спомени што ги надживеале сите наши невремиња.

Најмногу од сè, пишува за љубовта. За љубовта кон семејството, пријателите, родниот крај, виното, фудбалот, татковината, музиката, театарот и побратимството што го поврзува сето тоа.

Под изгаснатите рефлектори, онаму каде што мижурка само уште компјутерскиот екран и таму каде што човекот е сам без оглед на сите множества во кои е сместен, Раде Шербеџија проговорува со глас кој знае како најмудро се игра главната улога во сопствениот живот.
