# Поделба

*https://matica.com.mk/product/podelba/*

**Price:** 400 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039768

Во едно од најстрашните времиња од нашата историја, со нееднаквоста во рекордни крајности, со подемот на демагозите и со климата на нашата планета што почнува да се одмаздува на индустриската цивилизација, нас ни треба надеж повеќе од кога било. Само преку разбирање зошто светот е таков каков што е може да дојдеме до вистински, успешни решенија и да го замислиме нашиот пат во иднината. Она што е сигурно е дека во случај да ги решиме големите проблеми на глобалната сиромаштија и нееднаквост, на гладот и на колапсот на животната средина, светот на утрешницата ќе изгледа многу поинаку од светот на денешницата.
