# Поигрување со љубовта

*https://matica.com.mk/product/poigruvanje-so-ljubovta/*

**Price:** 380 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 030393

Евелин Камериц ги има сите причини да биде среќна и задоволна. Таа е млада, атрактивна жена, има малечок син и сопруг, кој ја сака, но ѝ создава и главоболки поради сомневањата дека ја изневерува. Чувствува дека животот околу неа тече со голема брзина и на моменти не може да согледа што ѝ се случува.

Разочарана од таквата ситуација, таа ја убедува својата пријателка Џудит, која исто така се чувствува изневерена од својот маж, да ѝ прави друштво на бања во Баден-Баден. Но, можноста за авантура што ги чека таму, ги враќа двете жени во реалноста на животот.

Што се случува кога два брака се во криза поради лекомисленост, разочарување, изнудување, но и поради страшно злосторство. Кој ќе победи во ова опасно поигрување со среќата, љубовта и довербата?
