# Посакувам да си тука

*https://matica.com.mk/product/posakuvam-da-si-tuka-2/*

**Price:** 520 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039811

Љубовта ќе чека зад следниот агол, дури и кога сè ти изгледа безнадежно

Даниел е успешен архитект чиј живот изгледа беспрекорно. Сè до неговиот триесетти роденден, кога животот му се менува од корен. Неговата свршеница го остава за друг човек и совршениот свет се урива до темел.

Потонат во личниот бродолом, тој го слуша цедето што му го подарува единствената пријателка што ја има. Слушајќи го албумот „*Посакувам да си тука*“ на Ева Винтер, именуван според најпознатата песна на „Пинк Флојд“, нешто чудно одекнува во него. Во многу од текстовите ја препознава својата лична биографија. Слушајќи ја „*Цвеќе во магла*“, се препознава во младиот архитект кој ја напушта земјата во потрага по една мистериозна жена.

Свесен дека нема веќе што да изгуби, трогнатиот Даниел носи необична одлука: без никому да јави, заминува за Париз, каде што живее Ева Винтер. Зашто му се чини дека со неа има многу заеднички работи. Додека си го открива вистинскиот идентитет – и патем љубовта на својот живот – на површина ќе исплива една огромна премолчувана тајна која ќе измени сè…

Прекрасна приказна што ќе те замисли и ќе ти потврди дека ништо во животот не е случајно. И дека за љубовта вреди да се ризикува.
