# Посакувам да си тука

*https://matica.com.mk/product/posakuvam-da-si-tuka/*

**Price:** 380 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 021782

Љубовта те чека зад следниот агол, дури и кога сѐ ти изгледа безнадежно.

Даниел е успешен архитект чиј живот изгледа беспрекорно. Сѐ до неговиот триесетти роденден, кога животот му се менува од корен. Неговата свршеница го остава за друг човек и совршениот свет се урива до темел.

Потонат во личниот бродолом, тој го слуша цедето што му го подарува единствената пријателка што ја има. Слушајќи го албумот „Посакувам да си тука“ на Ева Винтер, именуван според најпознатата песна на „Пинк Флојд“, нешто чудно одекнува во него. Во многу од текстовите ја препознава својата лична биографија. Слушајќи ја „Цвеќе во магла“, се препознава во младиот архитект кој ја напушта земјата во потрага по една мистериозна жена.

Свесен дека нема веќе што да изгуби, трогнатиот Даниел носи необична одлука: без никому да јави, заминува за Париз, каде што живее Ева Винтер. Зашто му се чини дека со неа има многу заеднички работи. Додека си го открива вистинскиот идентитет – и патем љубовта на својот живот – на површина ќе исплива една огромна премолчувана тајна која ќе измени сѐ…

Прекрасна приказна што ќе те замисли и ќе ти потврди дека ништо во животот не е случајно. И дека за љубовта вреди да се ризикува.
