# Последната куќа од улицата

*https://matica.com.mk/product/poslednata-kukja-od-ulitsata/*

**Price:** 500 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 035632

Неодолив нов роман од авторка Дијана Чејмберлен, кој совршено ги преплетува историјата, мистеријата и социјалната правда.

По смртта на сопругот, кој умира во несреќа додека ја градел нивната куќа од соништата, Кејла Картер е свесна дека мора да остане силна за нивната четиригодишна ќерка. Но, кога една постара жена ќе се досели во соседството, животот на Кејла тргнува во друга насока. Постарата, нова сосетка на Кејла, Ели Хокли ѝ вели да не се вселува во куќата и таа речиси и ќе се согласи со неа. Повеќе од јасно е дека оваа жена има некаква врска со минатото… и врска со самата Кејла. Ели Хокли со себе носи тајни што се протегаат наназад, дури до педесетите години на минатиот век.

Дали Ели сака да ги исправи грешките од минатото? И дали *Последната куќа од улицата* го има клучот за разрешување на мистеријата?
