# Последното уметничко дело

*https://matica.com.mk/product/poslednoto-umetnichko-delo/*

**Price:** 500 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 037645

Последното дело на светски познатата уметница Хана Стилтје на прв поглед не е импресивно. Кога ќе го изложи во Музејот на модерната уметност во Стокхолм, низ галеријата се разлева разочараноста на посетителите. Наместо исклучителна слика или скулптура во нејзиниот дотогашен стил, таа прикажала комода направена од отпадоци. Дел по дел, се разоткрива приказната за децата оставени од родителите, за институциите што не ги заштитиле напуштените деца, за сите што се прават недоветни за несреќата на најмладите.

Последното уметничко дело на Хана Стилтје ќе открие уште нешто – силата да ѝ се погледне на несреќата право во очите, љубовта посилна од крвната врска и храброста да се стори сè за доброто на другите. Зашто, што е поважно: чинот на уметникот што е во центарот на вниманието или секојдневната грижа за блиските?
