# Престани да дозволуваш сѐ да те погодува

*https://matica.com.mk/product/prestani-da-dozvoluvas-se-da-te-pogoduva/*

**Price:** 450 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039733

„Престани да дозволуваш сè да те погодува“ е книга што може да го промени начинот на кој се гледате себеси, другите и светот околу вас. Наменета е за сите што премногу размислуваат, лесно се преплавуваат од емоции и не свесно си го отежнуваат сопствениот пат. Со искреност и практична мудрост, Даниел Чидијак открива зошто и најмалите нешта можат да ви го расипат денот и ви покажува како конечно да се ослободите од тие повторливи навики.

Во оваа книга ќе научите како да не им дозволувате на ситниците да ве исфрлат од колосек, да престанете самите да се саботирате, да поставувате здрави граници без чувство на вина и да ја препознавате разликата меѓу вистинската одговорност и емотивната манипулација. Ќе откриете како да го прекинете циклусот на претераното размислување пред да ве вовлече во маѓепсаниот круг, како да не ги сфаќате работите лично и да не им дозволувате на емоциите да управуваат со вашите реакции.

Исто така, ќе научите да ги препознавате токсичните шаблони во односите и да знаете кога е време да си заминете, да престанете да се доживувате како жртва и да ја вратите сопствената сила, но и да ја совладате вештината на здраво емотивно дистанцирање – да останете смирени и непоколебливи, без да станете ладни и рамнодушни. И конечно, ќе продолжите напред без потреба некому да му го објаснувате или оправдувате сопствениот личен развој.

Како што вели Даниел: „Во свет создаден да ве држи во постојана преоптовареност, да научите како да го заштитите својот внатрешен мир не е само важно – тоа е неопходно.“
