# Проблемот Спиноза

*https://matica.com.mk/product/problemot-spinoza/*

**Price:** 500 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 032907

Животите на филозофот Барух Спиноза и нацистичкиот идеолог Алфред Розенберг ги делат цели триста години, но во оваа книга тие се испреплетуваат на неочекуван и восхитувачки начин. Тргнувајќи од историските факти, психијатарот и романсиер Јалом ги обединува нивните животни околности во еден динамичен и повеќеслоен роман истражувајќи ги прашањата на идентитетот и потрагата по свое место во светот.

Трогателната приказна за Спиноза, слободоумен мислител од 17 век кој е исклучен од еврејската заедница, Јалом ја изнесува напоредно со приказната за подемот и падот на нацистот Розенберг, кој лично со својата оперативна група ја пљачка Спинозината библиотека, залажувајќи се дека ќе може да го реши „проблемот Спиноза“.

Со леснотија преминувајќи од златната доба на Аместердам во нацистичка Германија, Јалом го истражува внатрешниот живот на двајца интригантни млади луѓе во фасцинантна приказна за влијанието и стравот, за потеклото на доброто и злото, за владеењето на теророт и филозофијата на слободата. Незаборавна психо-филозофска драма во која нема да знаете каде завршува историската вистина, а каде почнува фикцијата.
