# Професорката по англиски

*https://matica.com.mk/product/profesorkata-po-angliski/*

**Price:** 300 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 006258

Професорката по англиски – возбудлив роман за мајчинската љубов и топлината на домот.

Со извонредна вештина, Лили Кинг постигнува напнат развој на приказната и спонтан пристап кон прашањата на бракот, мајчинството и семејството. Животот на една самохрана мајка и нејзиниот петнаесетгодишен син на патот кон вистината, која таа долго ја крие, доаѓа до пресвртна точка – до моментот кога тие двајца ќе соочат со предизвикот – дали ќе можат да создадат комплетно семејство или се осудени никогаш да не успеат во тоа.
