# Пронајди ме и Отворената врата

*https://matica.com.mk/product/pronajdi-me-i-otvorenata-vrata/*

**Price:** 630 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039700

**Пронајди ме (Втора книга од дуологијата „Пронајдени”)**

Дојдов во Скај лонч за да почнам одново, далеку од ужасите на своето минато. Околностите коишто ме доведоа до овде не беа идеални, но развив добро другарство со Алејна и Хадсон Пирс, а моето семејство се оправи како што не ни замислував дека би можело. Со нив покрај себе никогаш не сум имала поголемо чувство на припадност.

Но, новиот почеток значеше откажување.
А постојат работи коишто не сакам да ги оставам зад себе – како Џеј Си, човекот што ме научи како да се опуштам. Човекот во којшто не требаше да се вљубам. Човекот што не сакам да го изгубам.
Сега животот ми е безбеден. Заканите од порано веќе не се толку страшни, па се соочувам со изборот: или целосно да продолжам напред или да продолжам да се надевам дека Џеј Си ме сака доволно за да дојде и да ме најде.

**Отворената врата: Новела од дуологијата „Пронајдени“ – 1001 мрачна ноќ**

Уште кога го здогледав Цеј Си, знаев дека е проблем.
Го прекрши секое правило во мојот клуб. Никогаш не заборавам како се чувствував таа вечер. Со сите жени во просторијата, сите тие изложени тела, а неговите очи вперени само во мене.
Се разбира дека се омажив за него. Оттогаш поминаа години. Имаме деца. Сè уште се сакаме како и секогаш, а и сексот ни е сè уште фантастичен…
Ама, и не баш. Како и многумина што се во брак подолго време, и јас копнеам по онаа силна страст од оние денови во минатото.
Со години слушнав гласини за „Отворената врата“. Ултра ексклузивен рај за воајери. Место да учествуваш – или гледаш – какво било шоу што можеш да си го замислиш.
Очите на мојот сопруг и натаму би биле врз мене. А можеби и би имало и туѓи погледи. Ако го сакаме тоа.
Па кога пристигнува поканата да се придружиме во играта, како би можеле да ја одбиеме?

Секоја новела во 1001 мрачна ноќ е засебна приказна. За новите слушатели, таа е вовед во светот на авторката. А за обожавателите – бонус книга во нејзиниот серијал. Се надеваме дека ќе уживате во секоја од нив исто како и ние.
