# Размислувајте како психолог

*https://matica.com.mk/product/razmisluvajte-kako-psiholog/*

**Price:** 380 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039763

Разбирањето на луѓето е пат кон себеразбирање и будење на сопствената свест.

Повеќето проблеми со кои се соочуваме не се поврзани со ситуации, туку со личности. Без разлика дали станува збор за родител, брат, сестра, колега или друга блиска личност, секогаш може да настане проблем во разбирањето, што е и нормално. Но невообичаено е што луѓето не се трудат да ја разберат причината што ги поттикнува така да дејствуваат.

Со помош на оваа книга ќе научите како:
– да ги разберете емоциите и вредностите на луѓето
– да стекнете моќ за едноставни прашања и одговори
– да проникнете во мотивацијата што ги поттикнува однесувањата
– да ги читате емоциите и социјалните знаци
– да станете детектор за лаги…

Анализирањето на туѓите однесувања не е лесно – но само ако не ги знаете алатките од оваа книга! Луѓето често несвесно ни даваат многу информации за себе. Можеби нема да ги читате нивните мисли, но со знаењата за тенденциите во однесувањето, за мотивацијата и теориите на личноста и природата наспроти воспитувањето – ќе стекнете подлабоко разбирање што другите можеби го немаат за себе.

Ние не сме робови на нашата генетика, не сме предодредени да бидеме како нашите родители. Размислувајте како психолог, дешифрирајте ги однесувањата на луѓето и унапредете ги своите цели – висока самодоверба и саморазбирање, подобри врски и поисполнет живот без непотребни недоразбирања и падови!
