# Разнесено наследство

*https://matica.com.mk/product/razneseno-nasledstvo/*

**Price:** 630 ден

**Availability:** out of stock

**SKU:** 008368

Во сета историја, а посебно од првата половина на 19 век, па до Втората светска војна, културното наследство во Македонија е безмилосно уништувано, разграбувано и разнесувано. Нанесена му е огромна катастрофа, а посебно на движното наследство. Во книгата ќе прочитате како и од кого е уништувано, како е разграбувано, каде е носено и каде денес се наоѓа македонското движно културно наследство, односно кои значајни артефакти од македонската територија во кои музеи, библиотеки, колекции се чуваат денес во светот.
