# Сакам да кажам 2002 - 2005

*https://matica.com.mk/product/sakam-da-kazham-2002-2005/*

**Price:** 300 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 009074

За работите кои се конечни и беспоговорни, кај нас се вели дека се како она што ќе закопа попот и што ќе рече народот. Оваа народска беспоговорност знае да биде чувствителен барометар на општествената клима. Тој се состои од железна маалска логика, лежерна мудрост, бунтовен цинизам и прецизна дијагноза. Горан Михајловски со години вешто ракува со овој барометар и сјајно ги калибрира смешните и страшни и слатките и горчливи нијанси на нашата стварност.
