# Сѐ помалку човек

*https://matica.com.mk/product/se-pomalku-chovek/*

**Price:** 250 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 035445

Мојот живот беше исполнет со срам. Не можам ни да претпоставам како изгледа да се живее животот на човечко суштество.

Портретирајќи се како губитник, антихеројот од „Сѐ помалку човек“ го раскажува својот навидум нормален живот среде човечките суштества кои е неспособен да ги разбере. Неговите обиди да се вклопи во светот почнуваат уште од најраното детство. Прикривајќи ја својата другост и неможноста да го потисне стравот од нормална комуникација, тој постепено се претвора во кловн што ги засмева луѓето, а завршува со обид за самоубиство.

Без сентименталност и со сурова искреност, Јозо во своите записи ги засведочува секојдневните неправди од светот, своите неуспешни обиди да се вклопи во него и минливите мигови на човечки врски и нежности.

Делумно автобиографска, оваа фасцинантна книга е последното завршено дело на Осаму Дазаи и постојано доживува различни реизданија и адаптации. Втора најпродавана книга во Јапонија на сите времиња, „Сѐ помалку човек“ е моќна студија и доказ за состојбата на индивидуалната отфрленост од општеството.
