# Се викам храброст

*https://matica.com.mk/product/se-vikam-hrabrost/*

**Price:** 790 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039854

„Се викам храброст“ е дело посветено на 50 исклучителни жени од нашето минато и од нашата сегашност. Од Сирма Војвода до Вера Ацева и Илина Арсова, оваа книга зборува за жени кои со својот дух, упорност и истрајност успеале да се афирмираат како силни женски личности кои ќе го посветат животот или, пак, ќе го дадат својот живот, за повисоки цели.

„Се викам храброст“ е дело наменето за помладата читателска публика и за сите оние кои бараат инспирација. Ова е книга која може да им даде мотивација на младите девојчиња да го пронајдат својот животен пат низ примери кои ќе ги инспирираат.

Сите приказни во ова дело се приказни за ентузијазмот и храброста, за пожртвуваноста и постигнувањето одредена цел што само по себе носи задоволство и го гради чувството на самопочит. Ова дело нè учи дека постојано мораме да бидеме љубопитни, храбри, вредни и да си поставуваме високи предизвици, а потоа напорно да работиме за да се постигнат. И никогаш да не престанеме да сонуваме – исто како и хероините на „Се викам храброст“.
