# Сега и засекогаш

*https://matica.com.mk/product/sega-i-zasekogash/*

**Price:** 420 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 017616

Иако Џесика и Јан Кларк се во брак седум години, тие сметаат дека возбудата сè уште не престанала. На барање на Џесика, Јан ќе даде отказ во фирмата за рекламирање за да стане писател, и таа го поддржува во тоа со нејзиниот успешен бутик во Сан Франциско.

Јан го вознемирува финансиската зависност од Џесика, повеќе отколку што тој признава. Во еден момент на слабост, ќе има љубовна афера со друга жена и ќе биде обвинет за силување и ставен затвор. Секако, ова ќе создаде кошмар што се заканува да го разруши сето она што тие двајцата внимателно го имаат изградено. Џесика ќе се обиде да ја смири болката, свртувајќи се кон дрога и алкохол. Тоа ќе ги промени нивните животи, можеби и засекогаш, и ќе ги натера да се борат за да ја платат цената на една непромислена постапка.
