# Сета наша погрешна сегашност

*https://matica.com.mk/product/seta-nasha-pogreshna-segashnost/*

**Price:** 270 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039710

Ја знаете ли иднината што си ја замислувале луѓето од 50-тите години на минатиот век? Епе сé се остварило. Во 2016 година на Том Берен човештвото ужива во техноутописки рај со летачки автомобили, подвижни улици и бази на Месечината, каде што авокадото никогаш не скапува и панк-рокот никогаш не ни постоел… бидејќи немало потреба од него.

Проблемот е што Том не може да го најде своето место во овој фантастичен, идеалистички свет и тоа уште пред целиот живот да му се преврти наопаку. Заслепен од една судбоносна незгода, Том донесува избрзана одлука, која не го менува само неговиот живот, туку и самиот состав на универзумот. Со настаната грешка при патување низ времето, Том се наоѓа во нашата 2016 година, таа што за нас е реална. За Том, нашата реалност изгледа како депресивна пустелија.

Но, кога ќе ги открие неочекуваните верзии од својата фамилија, кариера и, можеби – само можеби – неговата сродна душа, Том мора да донесе одлука. Дали да го поправи историскиот тек на настаните и да го врати својот утописки универзум или да се обиде да создаде нов живот во оваа наша несовршена и непредвидлива реалност?

*Сета наша погрешна сегашност* е несекојдневна приказна за неочекувани патувања и алтернативни патеки, семејство, пријателство и љубовта во нејзините најразлични форми и облици. Патување низ времето, но и низ животот на еден човек кој ќе научи кој можел да биде, но можеби никогаш не требало да биде, што на крајот ќе го доведе до тоа кој навистина е.
