# Сонце што заоѓа

*https://matica.com.mk/product/sontse-shto-zaogja/*

**Price:** 300 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039609

Моќен роман за неопходноста човек да се снајде во новите времиња, кога мора да го напушти дотогашниот живот, а на хоризонтот нема ништо друго освен сонце што заоѓа.

Преку емотивно раскажаната приказна на Казуко, го сведочиме пропаѓањето на едно аристократско семејство во повоена Јапонија. Во свет кој ги губи своите вредности, секој на свој начин се бори со поразот и осаменоста. Мајката се разболува, братот потонува во зависност, а Казуко се обидува да најде љубов и смисла во општество што не нуди прифаќање. Нејзината револуција поцнува со чудната љубовна врска со некогаш популарниот писател Уехара.

Мал по обем, но богат со живот, со настани и симболи – болест и смрт, преселба во куќичка на ридот, змија што демне од под каме-нот, несреќно предизвикан пожар – „Сонце што заоѓа“ е вистинско ремек-дело во кое се спојуваат немоќта и волјата за живот, смртта и љубовта. Во светот што се распаѓа, притисната со страв и бессилие, младата Казуко сепак наоѓа сили да ги надмине границите на својата класа и да стане симбол на новиот живот.
