# Тајните на мажените жени

*https://matica.com.mk/product/tajnite-na-mazhenite-zheni/*

**Price:** 420 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 033538

Три најдобри пријателки. Три совршени бракови. Но, дали работите се такви какви што изгледаат?

*Тајните на мажените жени* е роман исполнет со предизвиците на модерните брачни врски и го поставува прашањето: колку добро можеме да ги познаваме нашите сопрузи, нашите пријатели, па дури и себеси?

Кога сопругот на Џил ќе открие дека не може да има деца, нивниот брак полека ќе почне да се распаѓа, а Џил не знае како да го поправи. Разочарана, таа бара утеха кај своите пријателки: жестоката Ли, со својата моќна кариера и со семејство кое ја обожава и едноставната Венди, која има совршен брак на кој секоја жена би ѝ завидувала.

Животите на Ли и на Венди изгледаат совршени. Но, под површината се наоѓаат огромни тајни што можат да го расипат нивното пријателство.

Ли е уморна од сопругот што постојано останува дома и бара возбуда – надвор од брачниот кревет. Венди, и по седумнаесет години брак, не може да сфати дека нешто недостасува во нејзиниот живот.

Бидејќи Џил е длабоко вовлечена во односите на своите пријателки, таа се соочува со сопствено искушение: еден интригантен странец, чиј добар изглед и шарм ѝ предизвикува моментална заинтересираност.
