# Тивки куќи

*https://matica.com.mk/product/tivki-kukji/*

**Price:** 300 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039773

Збирка од шест раскази, шест приказни зад чиј наслов се крие моќна метафора. „Тивки куќи“ не се тивки затоа што во нив владее мир и спокој, туку затоа што се молчи за најважните нешта.

Исклучително зрело деконструирајќи го традиционалниот идеализиран концепт на семејството и прикажувајќи ги односите како комплицирани констелации каде блискоста и отуѓувањето одат рака под рака, авторот суптилно и многу вешто нѐ предизвикува на длабоко слушање на таа тивкост во која пулсираат семејните трауми, напнатоста, меланхолијата и болката која ликовите ја носат како сопствен товар.
