# Убиваш за мене убивам за тебе

*https://matica.com.mk/product/ubivash-za-meneubivam-za-tebe/*

**Price:** 550 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039240

Брилијантен психолошки трилер за две жени кои склучуваат договор за меѓусебна одмазда: Убиваш за мене, убивам за тебе

Една ноќ, во група за поддршка во Њујорк, се среќаваат две жени што никогаш претходно се немаат видено. По неколку пијачки, Аманда и Венди сфаќаат дека имаат многу заеднички работи – и двете се несреќни и имаат огнена желба да им се одмаздат на мажите што им ги уништиле семејствата. Наскоро смислуваат совршен и крвав план.

Во другиот дел од градот, останата сама дома, Рут е нападната од маж со продорни сини очи кој исчезнува во ноќта. Дали некогаш повторно ќе се чувствува безбедно додека синоокиот демон не во близина?

Авторот на „13“ и „Фифти-фифти“ повторно се надмина себеси со овој морничав и непредвидлив трилер што не можеш да го оставиш додека не ги дознаеш мотивите за одмазда.

„Експлозивни и пресвртни откритија, кои во комбинација со необичната поврзаност на емоционалните бранувања на главните ликови, создаваат диво и неверојатно задоволувачко движење низ романот.“ Паблишерс викли
