# Ултрамарин

*https://matica.com.mk/product/ultramarin/*

**Price:** 450 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 032974

Ултрамарин е роман за созревањето со уметноста и преку уметноста.

Насловот на романот обединува неколку симболични слоеви: ултрамаринот е омилената боја во сликите на таткото на нараторот, бојата на морето поврзана со нивното прво „архипатување“ во кое заеднички го поминуваат Медитеранот, но и боја која истовремено има амбивалентни метафизички конотации – нејзиното име може да се поврзе и со смртта, во нашата цивилизација согледувана како преминување на другиот брег.

Во својата основа, ова е роман посветен на смртта на таткото и начинот на кој авторот се соочува со неа.

Нараторот ги разгледува и пакува предметите оставени во сликарското студио на неговиот татко, процес што отвора простор за долги реминисценции од нивниот живот, најчесто поврзани со патувањата низ Италија.
