# УТРЕ, И УТРЕ, И УТРЕ

*https://matica.com.mk/product/utre-i-utre-i-utre/*

**Price:** 590 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 037777

Сем и Сејди – двајца пријатели од колеџ, честопати вљубени еден во друг, но никогаш љубовници стануваат креативни партнери во еден заслепувачки и замрсено замислен свет на дизајни на видео игри, во кој успехот им носи слава, радост, трагедија, дволичност и, на крај извесен вид бесмртност. Ова е љубовна приказна, ама ваква не сте прочитале никогаш порано.

Во еден смрзнувачки ден, во декември, за време на првата година на Харвард, Сем Масур излегува од подземната железница и ја здогледува Сејди Грин меѓу ордите луѓе што чекаат на перонот. Го извикува нејзиното име. Таа се преправа дека не го слушнала, ама потоа се свртува и тука започнува играта: легендарна соработка што ќе ги вивне во светот на славните. Овие пријатели што се познаваат уште од детството, позајмуваат пари, молат за услуги, и, дури и пред да дипломираат, веќе го создале првиот блокбастер, *Ичиго.* И светот преку ноќ станува нивни. Со неполни дваесет и пет години, Сем и Сејди се брилијантни, успешни и богати, но овие особини нема да ги заштитат ни од нивните креативни амбиции ни од предавствата на нивните срца.

*Утре, и утре, и утре* ја истражува разновидната природа на идентитетот, неуспехот, неспособноста, искупувачките можности во една игра и , најмногу од се’, нашата потреба за поврзување: да љубиме и да бидеме љубени.
