# Ватиканската принцеза

*https://matica.com.mk/product/vatikanskata-printseza/*

**Price:** 550 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 033646

Гламурозно, но и предаторски, Борџија ја обележуваат ренесансна Италија. Расцепкана на многу кралства, војводства и град-држави, папата Александар VI користејќи ја својата вонбрачна ќерка, Лукреција, како инструмент на владеење, успева во своите политички интриги.

Животот на Лукреција Борџија е сечиј само не и нејзин. Искористена за целите на својот татко и браќата, таа преживува како физички така и душевен пекол. Желбата за искрена љубов, безгрижен живот и соништа на една млада девојка, се заменети со бескрупулозни игри и инцестни односи.

Дали историјата била неправедна кон ликот на Лукреција?

Желбата за преживување и одмазда, можеби, е посилна и од највозвишената љубов.
