# ВЕРНИОТ ЧИТАТЕЛ

*https://matica.com.mk/product/verniot-citatel-matica/*

**Price:** 490 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 035127

Роџер Копонен, писател на трилери преку ноќ станува славен откако ќе ја објави неговата трилогија       ” Ловецот на вештерки “. Но, се чини дека неговиот серијал претставува инспирација за низа ужасни злосторства. Убиецот ги реконструира убиствата од неговите романи со многу детали – крајно брутални како средновековните методи на мачење.

Дали е тоа некој фанатичен обожавател на трилогијата?

Детективката Џесика Ниеми и нејзините колеги се под голем притисок. Како убиецот секогаш да е чекор пред нив. Се чувствуваат како да тапкаат во место, се` додека не сфатат дека жртвите изгледаат застрашувачки слично на Џесика.
