# Ветрот носи убаво време

*https://matica.com.mk/product/vetrot-nosi-ubavo-vreme/*

**Price:** 400 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039729

Стихови за маката и радоста (1952) е книга која во историјата на повоената македонска поезија претставува межник. Со неа завршува и од неа наваму поучува една нова поетска фаза во развитокот на повоената македонска литература. Меѓутоа, иако е сето тоа токму така, сепак, оваа книга немаше такви естетски вредности на неа да се сведе целокупното поетско искуство на Ацо Шопов.

Кога само по две години се појави Слеј се со тишината, која сѐ уште не е ослободена од чисто спонтанниот и од ексkламативниот тон […] на мегдан беше еден сосема подруг поетски пристап, едно сосема друго поетско сфаќање, еден Шопов кој, вpз континуитетот на досегашниот Шопов, се обликуваше во една сега веќе изразита поетска индивидуалност во повоената македонска поезија.

Со Ветрот носи убаво време (1957), поезијата на Ацо Шопов влезе во раздобјето на својата зрелост [во кое] најсестрано, но и најдлабоко, ќе се открие и збие, ќе се резимира и формулира, ќе вилнее и јачи неговото поетско, неговото космолошко, неговото антрополошко, неговото етичко и естетско искуство, во рамките на кое тој ќе ги создаде своите најзначајни, загадочни, но и заумни, убави и трагични песни.
