# Во прегратка на месечината

*https://matica.com.mk/product/vo-pregratka-na-mesechinata/*

**Price:** 400 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 016026

Најважната работа којашто Господ му ја подарил на секој човек, е животот. Сите останати работи во животот ги стекнуваме и ги постигнуваме. Затоа, животот е скапоцен.

Животите на четирите девојки Хана, Фиби, Едвина и Теодора, кои се без родители, им се во опасност. Таа опасност ја насетува младата учителка со таинствено минато, Конкордија Глејд, која ги подучува четирите девојки во замокот Олдвик. За да ги спаси своите ученички, смислува план за бегство од замокот.

Во сплет од околности, истражувајќи една мистериозна смрт, приватниот детектив Емброуз Велс случајно се наоѓа во замокот во текот на разорниот пожар кој го предизвикува самата Конкордија за да го прикрие бегството. Воодушевен од храброста на младата учителка со невообичаени идеи за образованието на жената, Емброуз ги зема под своја заштита учителката и четирите ученички. Очајно посакувајќи да избега од тоа ужасно место, Конкордија е принудена да му верува на таинствениот странец, не помислувајќи дека тој ист странец, ќе ѝ стане љубовта на нејзиниот живот…
