# Волк

*https://matica.com.mk/product/volk/*

**Price:** 500 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039024

Првата книга за деца и тинејџери на Саша Станишиќ зборува за стравот и охрабрува. Зборува за малтретирањето кај младите, за пријателството, емпатијата и развојот на карактерот.

Камп за одмор длабоко во шумата. Двајца соученици, аутсајдери, се обидуваат да ги издржат непријатните активности и притисокот од врсниците. Еден од нив, Јорг, ова длабоко го погодува — тој е под притисок, понижен и натеран да се чувствува различно. Другите само ги гледаат нападите отстрана, уплашени и самите да не станат жртви. Како што ситуацијата почнува да ескалира, се појавува волк. Дали е само кошмар? Или покана да се соочиме со кошмарот на реалноста и да станеме храбри: за себе и за другите?

Волк е маестрален роман за деца и тинејџери во кој се истражува колку е тенка линијата помеѓу тоа да бидеш различен и да бидеш маргинализиран.
