# Заѕидана во барок

*https://matica.com.mk/product/zadzidana-vo-barok/*

**Price:** 250 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039599

Кога телото на моќен политичар ќе биде пронајдено запалено на мостот на уметноста, суспендираниот инспектор Виктор Николов е вратен на должност за да го реши случајот „тивко и без многу врева“.

Но, она што започнува како политичко убиство, набргу се претвора во морничава пресметка со минатото. Убиецот не остава само тела – тој остава пораки. Од златните куполи на црквите до подземните тунели на офицерскиот дом, еден човек ја користи архитектурата на „Скопје 2014“ како сценографија за својата одмазда.

Додека градот гори, Виктор и младата аналитичарка Јана откриваат мрачна тајна закопана во темелите на транзицијата: прикажна за украдена фабрика, заборaвени деца и една мајка што никогаш не се вратила дома. Во град каде што се е лажно, само вистината може да го спаси.
