# Загубениот збор

*https://matica.com.mk/product/zagubeniot-zbor/*

**Price:** 590 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039792

Колку лица имаат омразата, насилството… и луѓето? Колкупати чувството на непријателство кон „другиот“ нашло засолниште… во луѓето?

Омер Ерен, познатиот писател, бараше збор, ама слушна глас. И не знаеше дека гласот што го слушна беше гласот на тагата родена од насилство, ама научи. И тргна по тој глас за да го најде зборот, откако замина во потрага по корените на една љубов – што заличи на ориентална легенда – во планините на Истокот. А таму, една посебна жена ќе го внесе во емоции што не му беа познати, ќе го турне во еден непознат свет што не го замислувал… Писателот, што го беше загубил својот збор, затоа што му пресушил изворот, ќе го најде клучот и зборот што ќе го победи насилството.

Неговата сопруга, професорката Елиф Ерен, позната истражувачка вклучена во генетски испитувања, тешко успеваше да го прифати неуспешниот живот на нивниот син, Денис. Но, кога го посети на далечни норвешки острови, што му стана дом, таа полека се приближи до неговиот свет, до неговите чувства и до болката што ја криеше во него.

Може ли ние, луѓето, да најдеме заветрина некадe, каде било, од насилството и од омразата кон туѓинците, кон „другиот“?
