# Завладејте со својот фокус

*https://matica.com.mk/product/zavladejte-so-svojot-fokus/*

**Price:** 380 ден

**Availability:** in stock

**SKU:** 039442

Она кон коешто ќе го насочиш фокусот на вниманието, ќе ја определи твојата иднина.

Зошто фокусот е толку моќен? Тој функционира како секира. Ако се обидете да сечете дрво удирајќи го на различни места, никогаш нема да успеете. Но ако се фокусирате и удирате постојано на исто место, можете да го пресечете дури и најголемото дрво. Со остар фокус, можете да постигнете речиси сè што посакувате.

Авторот и тренер за личен развој Тибо Морис ќе ви покаже како да го изострите својот фокус за да ги остварите најголемите цели. Ќе откриете што е вистинска продуктивност и како да завладеете со неа, кои се трите вида фокус и како точно да ги развиете, како да престанете да скокате од една на друга обврска без да завршите ништо, и со сето тоа – да бидете ефикасни во секој поглед.

Ако сакате стратегии што се лесни за разбирање и едноставни вежби за високи резултати, ќе ја обожавате оваа книга. Со ова дело е постигната мисијата на Тибо Морис – да пишува книги за обичните луѓе кои сакаат необични резултати!
